Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во гостувањето на телевизија „Телма“ изјави дека до него досега не е стигнат предлог од Владата за испразнетите амбасадорски места.
– До овој момент, предлози од Владата до мене нема. Зошто е тоа така, претпоставувам во еден дел заради изборите и постизборните турбуленции. Мислам дека откако почна таа преткампања изгубивме половина година, истакна Пендаровски.
Најверојатно напролет ќе има амбасадор во Руската Федерација, а за неколку месеци се надева дека ќе се потполнат сите останати испразнети амбасадорски места во важни држави и организации кои, како што подвлече, треба да бидат потполнети.