Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на Фејсбук објави пост по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница и истакна дека „наша е генерациска должност да се сеќаваме на ова злосторство против човештвото за никогаш да не се повтори“.
„Почит за над 8 илјади луѓе – жртви на геноцидот во Сребреница. Убиени, само затоа што биле босански муслимани. Наша генерациска должност е да се сеќаваме на ова злосторство против човештвото за никогаш да не се повтори“ – се вели во објавата на Претседателот.