Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил истакна дека со пласманот на Европско ја испишале историјата на македонскиот фудбал.
„Македонска гордост, херои, покажавте големина низ квалификациите за светското првенство. Со пласманот на Европско ја испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро. Успеавте да нè сплотите и да нѐ направите горди“, порача Пендаровски.