Претседателот на државата Стево Пендаровски ги повика сите надлежни институции да преземат неопходни мерки со цел да биде спроведено решението за притвор на Сашо Мијалков. Како што вели, ваквите пропусти се неприфатливи за земја која чека датум за старт на преговорите со ЕУ.

-Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција.

Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за…

Posted by Stevo Pendarovski on Monday, 22 February 2021