Претседателот Стево Пендаровски, во вечерашното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат, зборува за трагедијата која се случи во Тетово.
Пендаровски кажува дека доколку бил во таква ситуација, би поднел оставка од морален чин.
„ Ако зборуваме за кривична одговорност или правна, јас би почекал да заврши истрагата. Но, ако зборуваме за морална одговорност, тогаш оние кои ме познаваат знаат дека кога јс би бил во ваква позиција, јас не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини“, кажа Пендаровски.