Во интервју за МИА за време на неговиот престој во Брисел, претседателот на државата, Стево Пендаровски говори за предизвиците на ЕУ патот на Северна Македонија по изборите во Бугарија, кои, поради неизвесните резултати, најверојатно повторно ќе се одржат во наредните месеци.
-Ова за Северна Македонија е најлошото сценарио бидејќи земјата нема во овој момент соговорник од бугарска страна и никој не може таму да носи политички одлуки. Токму во време кога Северна Македонија се надева на конечно ефективно зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, нагласи Пендаровски.
Шефот на државата уште еднаш повика Бугарија да назначи поединец или ентитет со кој Северна Македонија ќе може да продолжи да преговара и да постигне компромис кој ќе ги отвори европските врати.
Претседателот на државата во разговорот се осврна и на низата таканаречени нон пејпери кои се појавија во јавноста во последниот период и кои предлагаат прекројување на границите во регионот. Предупредува дека кој и да ги пишува овие документи не му мисли добро на Балканот, предупреди шефот на државата.
– Од она што го разбравме од нашите колеги од двете држави не само по линија на НАТО и билетарално, таков документ тие официјално како државни институции не направиле, не продуцирале, не поделиле. Сега сакам да предупредам на тоа, мислам дека во наредниот период, а тоа веројатно веќе се случува, некои центри кои се надвор од нашиот регион и кои не му посакуваат добро на регионот, ќе продуцираат се такви некакви нон пејпери нови и нови со цел да направат практично тоа е една од тн. хибридни закани да ја намалат вредноста на институциите, довербата на граѓаните во домашните институции и да речат ова е хаос, нашиве што прават, никој за ништо не води сметка, а циркуклираат, ќе се менуваат граници, нови војни ќе почнуваат, значи едноставно да внесе конфузија во главите на сите нас што живееме таму. Инаку просто неверојатно онолкави дипломатии, држави со традиција, земји кај коишто политиката се третира на најсериозен можен начин, како што се Франција и Германиија, да продуцират туку така на дневна основа нон пејпери во кои има дури и детализирани работи. Нон пејперот по дефиниција е базичен инцијален концепт за потоа да влеземе во разговор евентулано ако има интерес на другата страна. Овој последниов нон пејпер е прилично детален, дури ги нагласува и ги набројува надлежностите кои одредени тела, незнам на Косово би требало да ги има. Тоа не се случува никогаш со нон пејперите. Затоа мислам дека станува збор во еден дел, не велам дека цела оваа серија е таква, во еден дел за лажни нон пејпери кои се намерно направени по некои центри на моќ кои не му посакуваат добро на Балканот, вели Пендаровски.