Ставот на претседателот Стево Пендаровски кој го искажа во интервју за МИА е дека нема да се разговара за идентитетските теми. Одговорот од Бугарија на барањето на Северна Македонија за акцискиот план е надвор од договорот за добрососедство.
„Одговорот што го видов од бугарска страна на нашиот акциски план практично не одговора на еден дел од нашите барања. Има и за тоа, меѓутоа, повторно во тоа вметнувате што вие мислите за идентитетските белези на македонската нација. Ние тоа не го бараме, не го споменуваме во акцискиот план бидејќи е надвор од било какви преговори. Ви реков можеме секоја друга област да ја зборуваме, не смееме и нема да зборуваме сигурно за тоа кои сме и што сме“, истакна Пендаровски.
Бугарија не се откажува од идентитетските барања кон Македонија. Бугарскиот одговор на македонскиот акциски план кој го испорача пред неколку дена ги содржи, меѓу другото, токму старите барања на Бугарија за дефинирање на македонскиот идентитет.