Во моментов во Вила Водно состанок има Советот за безбедност. Претседателот на државата Стево Пендаровски излезе за да даде изјава и да се обрати на јавноста. Како што вели тој, на состанокот присуствувал и министерот за здравство Венко Филипче од кого добил уверување дека ниту еден пациент не е вратен, ниту ќе биде вратен од болничко лекување. Воедно, како што вели Пендаровски, на оваа средба дал јасно до знаење дека имунизацијата не смее да запре.
– Ние политичарите мораме први да дадеме пример за почитување на мерките. Имунизацијата ќе започне од утре. Побарав од надлежните да го организираат процесот и тоа да трае до целосно завршување и прекини не смее да има. – рече Пендаровски, притоа додавајќи:
-Секако благодарност до Србија за вакцинирањето на нашите граѓани, но викендов се случи најголемиот срам на нашата држава, вели Пендаровски.жКако што е познато илјадници македонски граѓани викендов се вакцинираа во Србија.