Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ, се огласија од кабинетот на претседателот Пендаровски. Како што информираат од таму, до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.
Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски биле упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари, велат од неговиот кабинет.