Се погласни се барањата во САД, Доналд Трамп предвреме да ја напушти претседателкста функција. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси до Белата Куќа ќе понуди резолуција за искористување на 25тиот амандман од Уставот, преку кој Трамп ќе се отстрани од функцијата. На резолуцијата треба да ѝ одговори американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Доколку во рок од 24 часа нема одговор до Претставничкиот дом, таму ќе се почне постапката за импичмент. Во САД се погласни се барањата Трамп предвреме да ја напушти функцијата во време кога се бара одговорност за инцидентите во американскиот Конгрес. При упадот во Конгресот на приврзаниците на Трамп, загинаа пет лица.
– Advertisement –