Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја отворија сезоната во СЕХА лигата откако вечерва во салата „Боро Чурлески“ со 30:26 ја совладаа Металопластика.
Битолчани со победата го оправдаа епитетот на фаворит и за разлика од Лигата на Европа, во регионалното натпреварување славеа уште на првиот домашен натпревар.
Ракометарите на Металопластика се претставија со добро светло, и во првото полувреме не им дозволија на битолчани да наметнат свој ритам. Двете екипи се менуваа во водство, најголемата предноста на Е. Пелистер беше во 20. минута (11:9), но гостите од Србија возвратија со серија од 0:4 и во 28. минута тие имаа предност од два гола (11:13), а со идентична предност заминаа на одмор (12:14).
Во второто полувреме, избраниците на Жељко Бабиќ направија серија од 3:0 и во 35. минута поведоа со 18:17 но не успеаја да се одвојат и натпреварот продолжи со наизменично менување во водство на двете екипи. Во 43. минута кога Стјепановиќ на пелистерци им носи предност од 24:22 и оттогаш па се до крајот на натпреварот не ја испуштија предноста. Стипе Мандалиниќ со шест гола беше најпрецизен во редовите на Е. Пелистер, додека пет постигна Стјепановиќ, а четири Кушан, додека во редовите на Металопластика се истакна Дејан Бабиќ со седум гола.
Следниот предизвик за Е. Пелистер во СЕХА лигата ќе биде идната година кога на 6. јануари му гостуваат на ППД Загреб.