Кина објави дека ги повикала европските амбасадори во Пекинг на разговори во знак на протест против изјавите на групата Г7 и Европската унија кои ги критикуваат вежбите на Кина над Тајван.
Advertisements
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека заменик министерот Денг Ли дал „официјална изјава“ за, како што рече, „дрско мешање во внатрешните работи на Кина“, пренесе АП.
Кина испрати воени бродови и авиони, лансираше проектили во Тајванскиот теснец по посетата на американската висока функционерка Ненси Пелоси на Тајван. На кинеската страна свртена кон Тајван, денеска се собраа туристи да ги гледаат воените авиони кои се упатуваат кон областа за вежбање.