Од утрово, рафотвите за леб останаа празни, иако пекарите најавија дека леб ќе доставуваат додека не стапи на сила одлуката на Владата за замрзнување на цената на 33 денари.

Луѓето кои утрово пазареа леб велат дека не нашле.

„Сега бев во продавница. Има само неколку леба што останале од вчера. Тоа не е бел или полубел леб, туку од оние `ржаните, со зрна или од некое друго брашно. Зедов еден колку да има. Се надевам дека ќе донесат“, вели скопјанка која ја затекнавме пред маалската продавничка.

Додава дека во таа продавничка лебот секој ден стигнува во 6 часот наутро, а денеска таа пазареше после 8 часот, но леб не нашла.  Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена вчера.

 Потоа, како што изјавија нејзини претставници, ќе се реализира најавата за прекин на производството.

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во „Службен весник“ владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска.

 Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопштија дека е донесена одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, како и да се укине субвенционираната струја за компаниите од прехранбениот сектор.

Превземено од Независен.мк