Пекарата „Фелбер“ е првата компанија во Австрија што воведе забрана за работа на вработените без негативен тест за ковид-19. Одлуката е донесена врз основа на одлуката на австриската влада дека само оние кои ќе бидат дел од масовното тестирање во викендот пред 18 јануари, за кога е планирано попуштање на „затворањето“, ќе може да излезат од изолација за разлика од останатите кои ќе мора да останат „под клуч“ уште седум дена.

Австрија од 26 декември до 18 јануари ќе спроведе трет „локдаун“ од почетокот на пандемијата, период во кој освен продавниците за храна и дрогериите. Од 18 јануари ќе може да отворат и останатите дејности, но во нив, како и во угостителските објекти, ќе може да одат само тестираните.

Синџирот на пекари „Фелбер“ по тој повод испрати допис до своите вработени во кој јасно стои дека до 18 јануари ќе мора да се тестираат.

– До 18 јануари мора да донесете негативен тест за коронавирус и истиот да не биде постар од еден недела. Без негативен тест, нема да можете да работите, пишува во пораката.

Доколку некој од вработените одбие да се тестора, тогаш ќе мора да работи со ФФП2 маска на лицето или да земе одмор.

Експертите за работнички права укажуваат дека фирмите, во екстремни околности, може да одбијат да исплатат плати, па дури и да го прекинат работниот однос.