Торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија, велат од ПЕИ – Партија за европска иднина.

Тие бараат во нацрт амандманот за промена на преамбулата на Уставот на РСМ да се внесе како уставна категорија Торбеши, односно „торбешиот народ“.