И побарал разголени фотографии, а кога малолетното девојче не ги испратило, извадил фотографии и видеата од нејзиниот профил на социјалните мрежи и почнал да ги објавува со натписи и навредливи текстови.

На овој начин, педофил од Тетово уценувал 12-годишно девојче од Косово, за да добие фотографии од малолетничката. Пораките на социјалната мрежа „Тик-Ток“ покажуваат дел од комуникацијата, каде лицето бара фотографии, и го бара и акаунтот на апликацијата Snapchat или во спротивно ќе продолжи да објавува фотографии и видеа на други социјални мрежи со лажен профил, но со име на малолетното девојче.

И така направи. Еве едно видео украдено од профилот на девојчето и објавено со непристојни зборови, кои поради етички причини ги покриваме. ТВ21 го знае идентитетот на педофилот, но не го објавуваме поради презумпција на невиност.

Чувствувајќи се под притисок, 12-годишното девојче за проблемот кажала на својата мајка, која потоа стапи во контакт со ТВ21 и со органите на редот во нашата држава. Сакајќи да го заштити својот идентитет, а со тоа и на ќерката, мајката раскажува за случајот од кој и таа се засрамила.

Целиот напис прочитајте го овде.