Педесетина луѓе вечерва излегоа на протест за прекин на преговорите со Бугарија пред бугарската амбасада во Скопје. Демонстрантите со себе носеа транспаренти и знамиња со сонцето од Кутлеш.

Повик за учество на протестот преку социјалната мрежа Facebook вчера упати поранешниот прв човек на градската организација на СДСМ во Скопје и лидер на политичката партија „Трета“ Љупчо Палевски-Палчо.

Демонстрантите извикуваа антибугарски пароли и бараат прекин на преговорите со Бугарија.