Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата „22 Ноември“ им се доделува на педагогот проф. д-р Авзи Мустафа, и универзитетскиот професор Африм Османи.

Претседател на Одборот за доделување на наградата „22 Ноември“ е Решат Амети.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2024 година (петок) во 11 часот во Собранието.