Кирил Пецаков прогласи победа во прв круг и им заблагодари на охриѓани што му дале доверба за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека досега ниту еден градоначалник не добил таква поддршка, а очекува голема разлика и за советничките листи.

„Голема благодарност до охриѓани за, јас би рекол, референдумската поддршка која што ја добив. Историски најголема поддршка што некогаш на кои било локални избори се случила. Бескрајно благодарам. Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги направивме во изминатите четири години сега ќе бидат на уште појако ниво. Ќе има повеќе од 10.000 разлика. Во моментов се пребројуваат и кандидатите на советничките листи. Соодносот е отприлика три спрема еден со СДСМ, како втора партија по бројот на гласови“, рече Пецаков.

Тој заедно со симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе слави со гласна музика од штабот, а се слушаат и пукотници.

Текстот Пецаков прогласи победа во прв круг: Ќе има повеќе од 10.000 разлика е превземен од МАКФАКС.