35-годишната пејачка Туна Сејдиу на Денот на мајката стана мајка по втор пат. Веста за раѓањето на нејзиниот втор син ја сподели на својот инстаграм-профил со емотивна објава.

Имено, Туна сподели фотографии од првите моменти на запознавање со своето синче Зен.

Се молев на Бог да ми донесе на светот човек кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша пејачката во описот на фотографиите.

Алтуна Сејдиу Туна со својот партнер Патрис во мај 2017 година станаа родители на малиот Тиан.