Пејачката Пинк беше позитивна на коронавирус во март минатата година, а покрај неа беше заразен и нејзиниот четиригодишен син Џејмисон.
Тогаш Пинк имала проблеми со дишењето, а нејзиниот син долго време имал висока температура. Сега, за време на гостувањето на радио „Hearth“, таа раскажа дека мислела дека ќе умре.
„Ова ќе звучи лудо, но бевме позитивни на коронавирусот минатата година, многу рано, во март. Беше навистина лошо, го менував и тестаментот. Знаете, во тоа време мислев дека е готово со нас“, рече Пинк во разворот со водителот Марк Рајт.
„Тогаш, ми беше важно само ѝ кажам на Вилоу колку ја сакам. Како родител, размислував што ќе му оставам на моето дете, дали ќе успеам во светот, дали тие ќе успеат, што треба да им кажам за последен пат“, додаде пејачката.
Пинк претходно раскажа дека се испаничила кога почнала тешко да дише.
„Размислував да одам во болница, но во исто време не знаев што да направам. Единственото во што бев сигурна беше дека ова е најстрашното искуство во мојот живот“, рече таа.