Пејачката Хелси, во средата на социјалната мрежа „Инстаграм“ сподели серија фотографии со кои ја откри веста дека го очекува своето прво дете.
Пејачката едноставно напиша „Изненадување“, во описот на фотографиите.
И покрај тоа што пејачката својот приватен живот успева да го скрие од очите на јавноста, таа на фотографиите го означи сценаристот и фотограф Алеф Ајдин, со кого веќе подолго време ја поврзуваат странските медиуми.

„Полно срце, те љубам, преслатко“, напиша Ајдин со што ги потврди гласините.

„Те сакам!!!! И веќе го сакам овој мини човек!“, одговори пејачката.
Хелси неодамна ја откажа турнејата „Manic“ поради пандемијата на коронавирусот, но изгледа дека и нејзината бременост исто така влијаела на нејзината одлука.