Претседателот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, изјави дека Македонија е високо криминализирана држава со партизирани институции.
„Прво мора да знаеме дека сме високо криминализирана држава, дека криминалот и корупцијата заедно со високата партизација на сите државни институции полека ја нагризуваат државата, ја јадат државата. И тоа е факт“, вели Трајанов.
Трајанов е дециден дека политичката елита во Македонија не успеала да изгради ефикасен систем за борба против корупцијата.
Според Трајанов, во Македонија има селективна борба против корупцијата бидејќи институциите се под диктат на претседателот на владата и партијата која е на власт.