Поранешниот пратеник Павле Богоевски и член на „Шарената револуција“ на фејсбук профил се огласи по повод денешниот протест за уставобранителите. Тој постирајки текст од кривичниот законик за терористичко загрозување и уставниот поредок на државата напиша дека луѓето кои упаднале во Собранието на 27 април, се терористи и ништо помалку од тоа.
“Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313 КЗ на РСМ
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ).
Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа, напиша Павле Богоевски.
Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313 КЗ на РСМТој што со намера да го загрози…
Posted by Pavle Bogoevski on Sunday, 25 April 2021
Инаку, Павле Богоевски се повлече од пратеничката функција во 2019-та година откако на социјалните мрежи се појаиви прислушуван телефонски разговор на кој се слушаше неговиот глас како нарачува масло од канабис.