Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во изјава за Сител вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата институција, по цена и да биде сменет од директорската позиција.
Денеска премиерот Зоран Заев јавно му порача дека мора да ги спроведе владините одлуки.
Пауновски соопшти дека во неговата институција требало да се преземат 35 административци, но само 12 имале соодветно образование.
„Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска, а не теренска – нема да ги вработам, вели Пауновски и додава дека администрацијата треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување.