Разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски во изјава за телевизија Телма вели дека за него разрешувањето било очекувано и истакнува дека ми било криво за тоа што истото дошло и покрај тоа што не бил во конфликт со премиерот Заев, туку ако имал конфликт тој бил со вице-премиерот Артан Груби.

„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања“, изјави Стојко Пауновски за Телма.