Стојко Пауновски кој денеска беше расрешен од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат на својот Фејсбук профил израз огромна благодарност до сите граѓани кои, како што напиша, во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција.
-Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав,напиша Пауновски на Фејсбук.