Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му го предаде томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква, објави Танјуг, пренесува Слободен печат.
Агенцијата не соопшти детали за настанот, ниту пак за содржината на томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ.
На 24 мај, денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот Патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, со што беше окончан 55-годишниот спор меѓу двете цркви.