Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Аубамејанг уште еднаш предизвика голем интерес за патувањето што го направи.
Габонецот реши да отпатува за Барселона и неговиот потег повторно привлече големо внимание, бидејќи тој често се поврзуваше со зачленување во редовите на каталонскиот клуб.
Сепак, причината за патувањето беше од поинаква природа. Двајца негови големи пријатели го носат дресот на Барселона, имено Усман Дембеле и Самуел Умтити.
Аубамејанг се дружеше со овие играчи пред и по натпреварот со Севилја и тие се единствената причина напаѓачот на Арсенал да остане на Камп Ноу.
Аубамејанг оваа сезона одигра 27 натпревари за „топџиите“ и постигна 13 голови.