Десетици луѓе останаа заробени во тунелот под Ла Манш откако се расипал возот кој сообраќал од Кале во Франција до Фокстон во Велика Британија, јавува Би-Би-Си.

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат патници кои се евакуирани во делот за итни случаи.

Тие беа прикажани како шетаат низ тунелот меѓу Велика Британија и Франција.

Тие на крајот биле ставени во воз за замена и однесени на терминалот Фокстон во Кент.

Компанијата најпрвин на Твитер објави дека возот се расипал, а подоцна во изјава за Би-Би-Си дека не, но навела дека се активирани алармите на него, што барало да се истражи причината и да се евакуираат патниците.

Со дел од 37,9 километри, овој тунел го има најдолгиот подводен дел во светот, јави Би-Би-Си.

Прикажи повеќе