Пари има, но патот меѓу селата Таринци и Балван не може да се реконструира бидејќи е дивоградба. Патот што е асфалтиран во седумдесетите години од минатиот век поради непотолна документација не може да добие имотен лист.
Од општина Карбинци велат дека проблем со локалните патишта има и во други општини, а речиси сите водоводни и канализациски системи се дивоградби. На листата се и државни згради, верски објекти и училишта.
Од Транспорт и врски уверуваат дека работите ќе се решат со новиот Закон за легализирање дивоградби. Граѓаните се сомневаат дека заедно со државните институции ќе се протне и легализација на трговски објекти.
Прочитајте ја целата сторија на 24.мк.