Македонските иселеници во иднина ќе можат да поднесат барања за издавање на пасоши во 15 амбасади во Европа и светот.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги промовираа базните и мобилните станици за изработка и достава на пасоши на македонската дијаспора.
„Со поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели”, тврди Османи.
Министерот Спасовски смета дека со поставувањето на фиксните базни станици ќе овозможиме прием на барањата за патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време.
„Со ова ќе се намалат и гужвите на шалтерите на управните служби за време на летните месеци во нашата држава, бидејќи граѓаните истата услуга ќе ја добиваат во нашите конзулати во државите во кои престојуваат“ додава Спасовски.
Базни станици до крајот на октомври ќе се инсталираат во Минхен, Бон, Берлин, Брисел, Берн, Виена, Љубљана, Венеција, Лондон, Стокхолм, Њујорк, Чикаго, Торонто и Мелбурн. Инсталирањето на базните и мобилните станици се планира да заврши.