Состојки:
1 килограм туна
200 милилитри бело вино
рузмарин
ловоров лист
2 чешниња лук
100 грама маслиново масло
копар
срни маслинки
сол и црн пипер

Подготовка:
Ставете ги во тава за печење парчињата туна и прелијте ги со виното. Зачинете со сол, црн пипер, ловоров лист, рузмарин и лук и ставете ги да се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
Откако парчињата туна ќе се испечат, извадете ги настрана, исчистете ги од коските и ставете ги во блендер заедно со сите други состојки што се наоѓаат во тавата за печење. Додајте ги маслинките, посолете, додајте уште малку црн пипер и масло и повторно изблендирајте. Со тоа паштетата од туна е готова.