Централната изборна комисија ги објави податоците од изборите за пратеници во Република Бугарија со 100% обработени протоколи во СИК во РИК, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Со 100% обработени протоколи заклучно со 20.10 часот денес, бројките се следните:
„Продолжуваме со промената“ – 25,67%, ГЕРБ-СДС – 22,74%, ДПС – 13,0%, „БСП за Бугарија“ – 10,21%, „Има таков народ“ – 9,52%, „Демократска Бугарија“ – 6,37%, „Вазраждане“ – 4,86%.
Формацијата Кирил Петков и Асен Василев доби 673.141 глас.
Партијата на Бојко Борисов со коалициониот партнер СДС доби 596.456 гласови.
Трета партија е ДПС со 340.997 гласови.
Левицата предводена од Корнелија Нинова која денеска поднесе оставка поради катастрофалниот резултат доби 267.816 гласови.
За паријата на ТВ водителот Слави Трифонов гласале 249.726 гласачи.
За Демократска Бугарија гласале 166.966 луѓе, чии партиски лидери во коалицијата исто така поднесоа оставки.
Партијата на Костадин Костадинов доби 127.549 гласа.