Од партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците, му одговорија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прозивките на нивна адреса:

Алијанса за Албанците од самиот почеток ја покажа својата позиција за интегративниот процес на земјата и за тоа што се нарекува француски предлог. ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ, која сега го има истото вазалство кон СДСМ.

Алијанса за Албанците им припаѓа само на Албанците и на народот и одговара само пред народот, се вели во соопштението.

Реакцијата доаѓа откако Мицкоски рече дека има дилема дали албанските опозициски партии се навистина опозиција, откако во Собранието го поддржаа францускиот предлог и се практично против референдумот кој го иницира ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Имам дилема, партиите на Албанците не се опозиција, тие се базен за пратеници на власта