Корисниците на топлинска енергија Балкан енерџи груп од август ќе добиваат пониски сметки за четири отсто. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека корисниците на ЕСМ или железарското парно поевтинува за половина процент или сметките на тие корусници остануваат речиси исти. Што се однесува до корисниците на Топлана Север, тие ќе добиваат пониски сметки за 1.2 отсто. Компаниите од бизнисот со парно не се задоволни од ваквите одлуки, но регулаторот вели дека барањата им биле неосновани.
Advertisements