Револтирани граѓани кои се приклучени на Балкан енерџи груп се жалат дека веќе неколку дена радијаторите се млаки, па дел од нив, се принудени становите дополнително да ги загреваат со клими или греалки, објави Канал 5.
Од БЕГ за Канал 5 повторуваат дека во услови на енергетска криза, системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура да се одржува на 20 степени, но и дека реагираат на терен по секоја пријава на граѓаните за санација на евентуалните дефекти на системот.
-Системот за централно греење е целосно во функција и се испорачува топлинска енергија до потрошувачите. Рекламациите кои досега се евидентирани се однесуваат на поединечни станови или објекти, каде екипите веднаш излегле на терен. Доколку е констатиран локален дефект, екипите интервенираат или даваат насоки на потрошувачите да се обратат на сервис за да го отстранат дефектот, велат од БЕГ.
А четврти ден без парно се и жителите на Скопје Север и Топанско Поле кои се греат од Топлификација Скопје Север.