Социолошката агенција со која работи Бугарското национално радио – Галуп објави дека излезноста во земјата во 17:00 часот по локално време е 38,2 проценти.
Според социологот Светлин Тачев, во споредба со последните парламентарни избори во Бугарија во март 2017 година, излезноста денеска е помала за околу 4 отсто, а тогаш била 42 проценти. Според социологот, излезноста на овие избори е помала поради состојбата со Ковид-19, но според него сè уште е позитивен знак дека бугарските граѓани изразуваат желба да излезат и да го искористат своето право на глас.
И Централната изборна комисија во Бугарија исто така соопшти дека до 17 часот активноста е 39,99 отсто, што е за 2,5 помалку од 2017 година. Постои тенденција постарите лица да излегуваат надвор рано наутро, додека младите попладне и навечер. Исто така, во помалите населени места во Бугарија, луѓето излегуваат да гласаат наутро и претпладне.
Во текот на целиот ден, социолозите во Бугарија го следат движењето на гласањето и распределбата на силите за идните мандати во новото 45-то Национално собрание.
На парламентарните избори во Бугарија, Централната изборна комисија (ЦИК) го прекина гласањето во Велико Трново поради проблеми со софтверот во машините за гласање. Проблеми имаше и во Добрич.
Од вкупно 9.400 гласачки машини во Бугарија, 400 не се во употреба, а ЦИК донесе одлука да не ги поправа и да се гласа со хартиени листови.