Богатата наследничка на Хилтон царството, Парис Хилтон се надева дека после три пропаднати веридби конечно ќе застане пред олтарот со својот „принц од бајките“, но венчавката ќе биде од интимен карактер поради пандемијата.
Иако веридбата сè уште не е официјално објавена на нивните социјални мрежи, изгледа дека Парис Хилтон сака што поскоро да го каже судбоносното ‘да’. Поради бурното емотивно минато и дури три пропаднати веридби, изгледа дека русокосата богаташка не сака четвртата веридба да ја објави бомбастично, со цел да не ѝ се повтори историјата.
Сепак, среќна е што својата 1-годишна врска со бизнисменот Картер Реум ќе ја поткрене на повисоко ниво.
„Нашата венчавка ќе биде поинтимна. Тоа е денот за кој сонувам цел живот и сега го пронајдов својот принц. Едноставно не можам да дочекам“, раскажала Парис за „OK“ магазинот и открила дека исто така сериозно размислуваат и за деца, но дека венчавката сега ѝ е најважна.