Доколку поради финансики причини не купивте подарок за својата втора половина, еве како можете да ја изненадите во последен момент, а притоа да не ви треба кредит од банка!
- Понекогаш е доволно добро, силно кафе!
Будењето нека биде посебно, со топло кафе што ќе биде подготвено да чека на масата во трпезаријата или доколку се спие до доцна разбудете го/ја со мирисот на тазе сварено кафе. Тој/Таа сигурно нема да го очекува тоа!
2. Направете список на работи што ви се допаѓаат за него/неа
Едноставно е и бесплатно – на едно парче хартија напишете „10 причини зошто сте вљубени во него/ неа“, потоа на секое парче напишете по една причина, ставете ја првата на врвот, а потоа врзете ги ролните хартија со црвена панделка.
- Нека сè биде во форма на срце
Дали денес правите пица? Исечете го тестото во форма на срце! Пржите јајца на окото? Нацртајте срце над белката со нож и пресечете го вишокот на страна! Нека биде сè во знак на љубовта.
4. Создадете пријатна атмосфера
Ако вашата втора половина е уморна, почестете ја на миризлива бања со топла вода и купка, сигурно имате некоја миризлива свеќа која ќе ја надополни целата атмосвера.
- Изненадете ја/го под туш!
Денес ја славиме љубовта и страста и време е за прегратки и романса – тогаш зошто да не разменувате нежност на ова обично – невообичаено место. Во љубовта се е дозволено.