Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера му е изречена парична казна на 68-годишниот гостиварец, кој пред неколку дена бил фотографиран додека се вози на Камениот мост во Скопје. Овој гостиварец веќе има прекршочни пријави за три сообраќајни прекршоци.
Вчера е санкциониран И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје.
Како што информираа од МВР, изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола