Поранешниот американски амбасадор на САД во Бугарија и еден од ко-авторите на Охридскиот договор во Македонија, Џејмс Пардју смета дека е погрешно бугарската влада да го блокира членството на Северна Македонија во Европската унија затоа што тоа е долгорочен национален интерес на Бугарија.
„Сигурен сум дека Стејт Департментот поддржува брзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако темата главно се однесува на Европската унија и нејзините членки“, изјавил амбасадорот Пардју во интервју за Долче Веле.
Пардју вели дека Бугарија и многу луѓе во Северна Македонија имаат заедничка историја и култура, но Бугарија е понапредната нација и има предност со членството во ЕУ во остварувањето на своите цели.
„Двете земји се природни сојузници и можат да работат заедно за просперитетна иднина, доколку им го свртат грбот на некои од помалку важните прашања“, порачува тој.
Според него, времето за малтретирање на Северна Македонија заврши и Бугарија не треба да ја користи грчката стратегија.
„Историчарите и експертите нека ги расчистуваат контроверзните точки со текот на времето. Во меѓувреме, Софија треба да ја поддржи, а не да ја блокира кандидатурата на Северна Македонија за ЕУ. Сè друго е кусогледо“, оценува Пардју.