Со Данела Арсовска и Сања Лукаревска дебатираме вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Разговараме на повеќе теми во економијата, за помошта во време на криза и за други теми.

Арсовска и Лукаревска дебатираа и за парафискалните давачки, за кои имаше најави дека ќе се намалат над 70%, или дека целосно ќе се укинат.

„Едното беше парафискалните давачки, и беше ветување дека ќе се намалат над 75%, некои се планираат да се укинат. Тоа е ветувањето, и се надеваме дека наскоро ќе бидат усвоени и имплементирани, затоа што во ова време на криза, режиските трошоци за административните такси си течат, а правните лица ниту за сега ниту за своите вработени не ги користат услугите а им преставуваат големо оптоварување, скоро двојно од аспект на исплатата на даночните обврски на институциите“, рече Арсовска.

На прашањето дали ова ветување ќе биде исполнето, Лукаревска изјави:

„Тоа е ветување на владата. Веројатно се очекува малку да има стабилизирање во делот на бројките на заразени, па малку ќе се релаксираат и економските текови. Се согласувам дека треба да се направат измени, и јас се надевам дека ќе се реализираат ветувањата“, рече Лукаревска.