Лидерите на Европска Унија (ЕУ) и на Велика Британија денеска ќе го потпишат Договорот за трговија. Документот потоа да биде доставен во Лондон, каде треба да го потпише британскиот премиер Борис Џонсон.
Договорот, со кој се уредуваат идната трговска и други видови на соработка меѓу ЕУ и Велика Британија, има 1.240 страници. Со него, Велика Британија и натаму ќе може да тргува со ЕУ без царини и квоти по истекот на транзицискиот период што истекува на 31 декември.
Велика Британија излезе од ЕУ на 31 јануари оваа година. Лондон загуби многу погодности, меѓу кои пристап до водите за риболов и до пазарот за енергенси, како и размена на студенти.
Земјите-членки на ЕУ треба да го усвојат Договорот во наредната недела, додека британскиот парламент ќе гласа на 30 декември. Ако Договорот биде одобрен, тој на 1 јануари само привремено ќе стапи во сила, бидејќи мора да биде потврден и од Европскиот парламент.
Европратениците претходно изјавија дека немаат доволно време за детално проучување на Договорот и оти за тоа ќе разговараат во јануари и февруари. И покрај Договорот уште голем број прашања останаа неразјаснети, меѓу кои и безбедносната соработка, бидејќи Лондон нема да има пристап до европските полициски бази на податоци, како и пристап до европскиот пазар за финансиси услуги.