Папата Франциск на крајот од месец јануари го најави воведувањето на Светскиот ден на бабите, дедовците и сите стари лица, кој Католичката црква ќе го слави секоја четврта недела во месец јули.
„Бабите и дедовците честопати се забораваат. „Староста е подарок“, рече 84-годишниот папа, кој ја водеше неделната молитва од Апостолската палата во Ватикан.
„Бабите и дедовците се врска меѓу генерациите, тие им го пренесуваат на младите искуството на животот и верата“, додаде тој.
Папата ќе претседава со првата миса по повод Светскиот ден на бабите, дедовците и старите лица на 25 јули оваа година, истовремено почитувајќи ги ограничувањата воведени заради епидемијата ковид-19, објави Ватикан.