Папата Франциск повика на „конкретни мерки“ за ставање крај на војната во Украина и избегнување на „нуклеарна катастрофа“ во нуклеарна електрана Запорожје.

Говорејќи за време на неговата редовна неделна општа аудиенција, Френциск ги осуди сите војни како „лудило“, а осврнувајќи се на Дарија Дугина, жената убиена во експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва, рече дека таа е „невина жртва“ убиена во војна.

Тој исто така рече дека трговците со оружје кои профитираат од војна се „деликвенти кои го убиваат човештвото“, пренесува АФП.