Папата Франциск им честиташе на православните и католиците од источните цркви по повод претстојното Рождество Христово.

„Им упатувам срдечни честитки до заедниците на источните цркви, католички и православни, кои утре ќе го слават Рождеството Христово“, рече Папата, обраќајќи им се на верниците од прозорецот на Апостолската палата по повод празникот Св. Богојавление, кој Римокатоличката црква го слави денеска.

Папата Франциско претходно денеска отслужи свечена литургија во катедралата Свети Петар по повод празникот Богојавление.