Поради проблемот со ишијас што му прави проблеми на десната нога, од таа причина папата Франциско денес нема да ја предводи новогодишната миса, соопшти денес Ватикан.

Според Ројтерс, ова е првпат Франциско, кој наполни 84 година овој месец, да прескокне ваков голем настан поради здравствени причини.

Вечерната служба, која требаше да ја предводи папата, ќе ја води кардинал Џовани Батиста Ре, а на првиот ден од Новата година, мисата ќе ја води кардинал Пјетро Паролин, кој е и државен секретар. Сепак, папата ќе се појави на пладневната служба во петок, 1 јануари, како што е закажано.