Папата Франциск денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да биде прекинататаа неприфатлива војна.
„За жал, насилната агресија против Украина не стивнува“, нагласи папата на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва.
Тој потенцира дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.
„Нема оправдување за ова“, рече папата Франциско, кој повторно не ја наведе Русија како агресор. Тој, исто така, ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на прекин на војната.