Во обид да ги охрабри брачните двојки, папата Франциск рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош и потсети дека трите клучни зборови во бракот се: „Молам, благодарам и извини“.
Папата напиша писмо до брачните двојки, што беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со кој се слави споменот на семејството на Исус. Во писмото, папата Франциск наведува дека блокадите, ограничувањата и карантинот ги принудуваат семејствата да поминуваат повеќе време заедно и истакна дека таквата наметната заедница го тестира трпението на родителите, браќата и сестрите, а во некои случаи доведува до тешкотии.